СДСМ со реакција: Коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е одамна воспоставена

 
ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден е во тајна коалиција со ДУИ кои им обезбедија гласови за новите министерства без кои не можеа да состават Влада. Марија Митева треба да го праша Мицкоски и да каже која е цената и што се крие зад договорите кои ги направиле со ДУИ. Треба да каже дали овие манипулации за плашење на граѓаните се дел од тие договори, велат од СДСМ.
 
„Празните прес конференции преку кои се закануваат и ја замајуваат јавноста, се само обид да се извлечат од скандалите и тоталниот хаос во своите редови. Неспособни да реализираат ништо од ветеното глумат опозиција мислејќи дека така ќе го пренасочат вниманието на јавноста. Ова сценарио е веќе видено и не поминува. 
 
До овој момент Владата и ВМРО-ДПМНЕ делуваат портал кој се занимава со жолт печат. 

 

Мицкоски има улога на главен шпекулант во државата и постојано зборува за некакви индиции бидејќи ништо друго нема испорачано откако седна во фотељата како премиер. Ако велат дека имаат информации за некаква дестабилизација треба да постапуваат и да ја спречат, но Мицкоски отиде на одмор, Силљановска не е запознаена и државата нема формирано Совет за безбедност. ВМРО-ДПМНЕ е една хаотична партија која е прочитана како буквар“, стои во соопштението на СДСМ.
09.08.2024 - 12:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега