Загина млад мотоциклист од Куманово


Вчера во 16.32 часот во СВР  Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која Д.С.. (40) од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки" со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.

09.09.2024 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега