СДСМ: Создаваме ефикасна Влада со седум министри помалку, пред нас се четири години на развој, напредок и интеграција

СДСМ создаде парламентарно мнозинство и Влада која ќе им служи на граѓаните и ќе ги следи нивните потреби, велат од СДСМ преку соопштение.
 
Од партијата наведуваат дека новата влада ќе има 7 министри помалку за уште поефикасна работа во интерес на граѓаните и државата.
 
„Пред нас се 4 години на напредок, развој и интеграција, период во кој платите ќе растат уште повеќе и ќе следува уште поголема грижа за сите. Пред нас се 4 години домашни реформи во кои ќе гледаме како земјата ни се трансформира кон подобро, 4 години во кои како држава многу повеќе ќе добиеме отколку што ќе дадеме.
 
Затоа е потребно секој од нас да се ангажира и да работи двојно повеќе, за целото општество да добие многу повеќе.
 
Новата Влада предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е составена од одговорни, чесни, отчетни и професионални кадри кои посветено ќе работат на реализација на зацртаните програми во своите ресори.
 

Како одговорна партија, во претходниот скратен мандат покажавме дека се водиме исклучиво од интересите на граѓаните и државата, тоа ќе го покажеме и во новиот, полн четиригодишен мандат.Ќе работиме уште повеќе, за да биде уште подобро за сите“ се наведува во соопштението од СДСМ.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега