СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот извор на лажни вести, „Форбс“ не направил листа на најбезбедни земји во светот во време на пандемија

Секој ден нова лага. ВМРО-ДПМНЕ со право го носи епитетот извор на лажни вести. Не само што измислува свои лаги, оваа партија се обидува да манипулира и со туѓи нерелевантни информации, велат од СДСМ.

Според партијата, медиумските анализи покажуваат дека наводната листа на „Форбс“ за најбезбедни земји во светот во време на пандемијата на коронавирусот воопшто не е на реномираниот магазин „Форбс“.

-Обидите за манипулација на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода, со оглед на тоа дека во јавноста веќе излезе информацијата дека рангирањето е направено од компанијата Дип ноулиџ груп (Deep Knowledge group), а „Форбс“ само ја пренесува. Критики за оваа листа на компанијата стигнаа од  цел свет, со оглед на тоа дека воопшто не е наведена методологијата на рангирање, а од страна на компанијата е наведено дека користени се јавно достапни информации и дека не презема одговорност за точноста на истата. Интересно е тоа што оваа листа е објавена уште во април и оттогаш до сега објавени се бројни текстови и анализи со сомнежи за релевантноста на анализата и точноста на податоците, се вели во соопштението од СДСМ.

-Обидите на ВМРО-ДПМНЕ за рециклажа на стари и веќе пробиени вести, категоризирани како сомнителни, се знак дека оваа партија е западната во голем очај. Вистината е многу јасна. Додека сите се борат со последиците од коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ се борат да објават што повеќе лажни вести. За таквото однесување ќе бидат жестоко казнети од граѓаните, велат од СДСМ. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2020 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега