СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нуди само обвнова на режимот, но тој филм нема да го гледа

Лажни вести, деструкција, политикантство, лажен патриотизам и лажна загриженост за здравјето на граѓаните нуди фејк њуз партијата ВМРО-ДПМНЕ на овие избори.  Нивната Обнова е обнова на режим под палка на бегалецот Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ на видео обраќањето на носителиот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3, Игор Јанушев.

Оттаму истакнуваат дека ВМРО ДПМНЕ отворено се залага да ги врати мрачните времиња кога, како што се вели во реакцијата, парите на народот завршуваа во нивните џебови, кога тие се богатеа додека државата тонеше во сиромаштија, кога во затвор праќаа новинаеи, контролираа и затвораа медиуми. 

-Непријателите на демократијата, ВМРО ДПМНЕ, љубители на режим, антидржавни квази политичари, без нималку срам бараат доверба од граѓаните на кои последните месеци свесно им го загрозуваат здравјето.  Кршат мерки и закони, во име на кампањата се ракуваат со деца, без нималку грижа, мислејќи само на политичките евтини поени.  Од партија водена од незрел и неодговрен политичар, од партија заглавена во режимска матрица ништо друго и не може да се очекува, се вели во реакцијата.

Според СДСМ, ВМРО ДПМНЕ нема ниту сила, ниту знаење, ниту пак желба да ја носи државата напред. 

-Тие сакаат изолирана држава и свесно работат на загрозување на евроинтегративниот процес, за да може да продолжат за крадат и да се богатат. ВМРО ДПМНЕ и нивниот лажен патриотизам се опасност за државата. Граѓаните заслужуваат подобро. На 15 јули граѓаните ќе го казнат неодговорното, незрело и опасно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со што и ќе се стави крај на остатоците од режимот.  На 15 јули, граѓаните ќе застанат зад одговорните политики на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ кои ја носат државата на прав пат, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега