Се огласи и МНР: Кај Андреевски упаднала маскирана група, дошла и полиција на изложбата

 

 

За упадот на маскирана група на изложбата кај македонскиот уметник Сергеј Адреевски се огласија од Министерството за надворешни работи и информираа за деталите. Оттаму откривале дека криминалната група пробала да ја прекине изложбата со вулгарно вербално однесување, па била викната и полицијата.

„Синоќа во Солун, за време на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски, во галеријата упаднале група маскирани луѓе, кои со непристојно и вулгарно вербално однесување се обиделе да предизвикаат прекинување на изложбата, по што си заминале.

Иако без демонстрација на физичко насилство или нанесена материјална штета, поради заканите и вербалните напади била повикана и полиција, која е целосно известена за инцидентот.

За инцидентот известени се и Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, кои веднаш стапија во директен контакт со надлежните органи на Грција, а за инцидентот е информирано и грчкото Министерство за надворешни работи“, информираат од МНР.

„Во текот на денешниот ден, во МНР е повикана и грчката амбасадорка Софија Филипиду, при што и формално ќе бидат упатени очекувањата од нашиот сосед да бидат преземени сите мерки за откривање и процесирање на сторителите“, додаваат оттаму.

27.04.2023 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега