Се огласи и сестрата на Роналдо по трагедијата: Нашиот ангел е веќе во скутот на нашиот татко
Се огласи и едната од сестрите на Роналдо за новороденото синче на брат ѝ, кое почина и притоа го спомена нивниот татко…По објавата на Кристијано Роналдо за смртта на неговото новородено синче, се огласи и неговата сестра Катија Авеиро.
Таа, како и фудбалерот, нагласи дека другото здраво близначе, односно новородената ќеркичка на Роналдо, им е најголемата утеха во овие тешки денови.
Катија објави фотографии од Роналдо и Георгина, со нејзините деца во раце, и во описот напиша:
„Ве сакам и моето срце е со вас. Господ нека се погрижи за сè и нека ви даде сила да го пребродите ова.
Нашиот мал ангел веќе е во скутот на нашиот татко, а нашето силно девојче е тука цврсто и здраво и ќе нè научи уште повеќе дека само љубовта е важна.“
Таткото на Роналдо почина oд откажување на црниот дроб на 52-годишна возраст во 2005 година, кога Роналдо имал само 20 години.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа