Се ожени најстариот син на Мијалков: Уникатна свадба во „Мериот“, Цеца ги забавуваше гостите, а настапи и најпознатиот руски рапер

 

Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ беше специјална гостинка на гала свадбата на синот на поранешниот шеф на УБК Сашко Мијалков. Постариот син на Сашо и Сандра, Јордан пред неколку дена се венчаше во манастирот „Јован Бигорски“ со неговата сопруга Анастасија, а направија журка во „Мериот“, хотел кој е делумна сопственост на екс директорот на УБК.

На свадбата Цеца ги забавуваше гостите, а помеѓу нив голем број градски фаци и пријатели на Јордан и Анастасија. За присутните Цеца ја отпеа и „Македонско девојче“. Парот пред една година направија интимна прослава за најблиските, а по неколку месеци ја добија ќерката Александра.

На свадбата настапи и Тимати, најпознатиот руски рапер, кој има 20 милиони следбеници на Инстаграм.

Како гости се појавија повеќе славни личности, меѓу кои поранешната министерка за култура, манекенката Катерина Иванова и пејачката Тамара Тодевска.

 

Освен Цеца Ражнатовиќ, и популарната српска пејачка Милица Павловиќ била гостинка и забавувач на свадбата на синот на Сашо Мијалков.

15.10.2023 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега