Се појавија документи од случајот клевета, вклучуваат слики на кои Амбер Херд е разголена
Претходно запечатени судски документи во случајот меѓу Џони Деп и Амбер Херд се објавени откако фановите на Деп, наводно, платиле 3.000 долари за да најдат негативни откритија за Амбер Херд, но планот се изјаловил бидејќи судот не ги прифатил како доказ.
Повеќе од 6.000 страници документи беа објавени на интернет минатиот викенд, откривајќи повеќе детали за судењето на векот.
Дел од документите содржат докази кои ги доставиле двете страни пред судењето, а судот одбил да ги вклучи во постапката. Ова го вклучува обидот на тимот на Деп да предаде слики на кои Амбер е разголена како доказ и обидот на тимот на Амбер Херд да вклучи развратни пораки меѓу Деп и Мерлин Менсон во судењето.
Правната коментаторка Андреа Буркхарт напиша на Твитер дека собрала 3.300 долари за да добие копии од документите и да ги направи достапни на нејзината веб-страница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа