Се породи актерката Марго Роби
Актерката Марго Роби (34) и нејзиниот сопруг, продуцентот Том Акерли (34), станаа родители. Странските медиуми тврдат дека парот добил момче, кое се родило на 17 октомври. Ова е прво дете за австралиската актерка и нејзиниот сопруг, продуцентот Том Акерли.
Парот се запознал во 2014 година, додека работеле на филм, а две години подоцна тајно се венчале во Австралија. Приватниот живот го држат подалеку од очите на јавноста, а заедно почнаа да се појавуваат за време на турнејата за објавувањето на филмот Барби, во кој Марго ја толкува главната улога.
Том работи и во филмската индустрија
Иако Том не е актер, тој работи и во филмската индустрија. Кариерата ја започна како продукциски асистент. Пред тоа, тој се појави како статист во првите три филмови за Хари Потер. Кога првпат се сретнаа на снимање во 2013 година, Марго ја играше Селин, додека Том беше зад камерата како асистент режисер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа