Се разбудила од кома и дознала дека сопругот ја изневерил со нејзината мајка
Камила Ванеса Кордиеро паднала во кома после операција на која и претходел мозочен удар, а кога се разбудила по 78 дена ја дознала веста која дополнително ја шокирала, пишува британски „Сан“.
Нејзиниот сопруг, со кого се венчала во 2013 година и со кој има еден син се вљубил во нејзината мајка.
-Мојата мајка одела кај мене дома за да им помага на сопругот и на синот додека јас бев во болница. Во тие четири месеци додека се борев за живот, сопругот ме посетил два пати, а мајка ми еднаш. Татко ми ми ги раскажа вестите откако се разбудив. Оттогаш не можам да повеќе да ја нарекувам „мајка“, вели Ванеса.
Сопругот бил десет години постар од неа, но таа разлика во годините никогаш не им пречела. Меѓутоа, додека Ванеса била во кома сфатил дека сепак повеќе го интересираат постари дами па почнал да кокетира со нејзината мајка по што се родила љубов меѓу двајцата.
-Речиси умрев, а тие ме издадоа. Ја славеле својата врска додека јас бев во болнички кревет, вели Ванеса.
Открила дека синот сега го гледа таткото неколку пати неделно, но мисли оти не е добро за детето да биде изложено на таква токсична ситуација. Со мајка ѝ, пак, воопшто немаат контакт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа