Се шири истрагата за струмичките фирми: На удар и поранешни високи функционери

Дел од парите на Еуростандард банка најверојатно се префрлани во Турција, покажуваат првични и се уште неофицијални информации од предистрагата за струмичките фирми
Неофицијално во шемата биле над 8 милиони евра кои наводно завршиле на сметки Турција.

Истрагата се шири на повеќе струмички компании кои биле дел од шемата на струмичкиот бизнисмен за наводна злоупотреба на парите.

Се проверува евентуалната спрега на струмичко семејство со Обвинителството имајќи предвид дека наводно, против истиот бизнисмен се воделе и други истраги но никогаш не финиширале со некаков резултат, што би можело да го спречи колапсот на Еуростандард банка.

Истрагата се сомнева и за поврзаност на струмичкиот бизнисмен со структури во УЈП, Централниот регистар и Царинската управа а се проверува и евентуалната вмешаност на поранешни високи функционери.

Според се уште неофицијални информации, струмичката фирма плаќала по 15 пати пониски суми за Царина од тие што ги плаќа сега.

За овој случај досега полицијата повикала на распит неколку лица а на едно му е одземен пасошот.


15.09.2024 - 13:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега