Се судрија два автомобила и мотоцикл во Липково: Мотоциклистот со тешки повреди


Вчера во 22.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Слупчане, липковско - Граничен премин Белановце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од Р.А.(20) од село Слупчане, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(46) од село Липково и патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(40) од село Слупчане.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увид екипа од СВР Куманово.

19.09.2024 - 12:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега