Се судриле три возила во Ченто- еден од возачите се обидел да побегне, а има и повредени

 

Двајца возачи и двајца сопатници се повредени во сообраќајна несреќа што вчера во 19:57 часот се случила на крстосницата од улиците „Методија Андонов Ченто“  и „Маџари“ во скопската населба Ченто меѓу две патнички возила и едно товрано возило.

Како што информира МВР, во сообраќајна незгода учествувале патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(26) од Скопје, товарно возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(27) од Скопје и патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(24) од Скопје, кое првично избегало од местото на незгодата, но набрзо било сопрено од страна на полициски службеници.

Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и двајца сопатници, Џ.Р.(22) и еден малолетник од возилото „бмв“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега