Села: Таравари не може да се врати во Алијанса, тоа е „екстремен неморал"
Лидерот на Алијансата за Албанците и дел од Европскиот фронт, Зијадин Села категорично ја отфрли секоја можност за спојување со партиското крило кое моментално го предводи Арбен Таравари, говорејќи во интервју за МРТ2.
- На членовите на АА кои отидоа со Таравари вратата им останува отворена, но не и за Таравари!, рече Села, според кој тоа би бил„екстремен неморал“, имплицирајќи дека поделбата во партијата не е само прашање на стратегии или моментални интереси, туку длабока последица на политичкиот пристап и принципи.
Вели дека на локални избори одат со посебни советнички листи и од таа одлука нема враќање назад.
За сè друго се подготвени да разговараат со сите, а со премиерот Мицкоски со кого имале редовна комуникација ќе се сретнат, откако ќе се врати од пат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа