Семејна драма во Скопје: Сопругата го пријавила сопругот за физички напад, по што и сопругот ја пријавил неа

 


Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена од Скопје пријавила дека на 02.09.2024 околу 22.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од својот 30-годишен сопруг од Скопје, кој ѝ се заканувал и со остар предмет.

Исто така, во 17.45 часот сопругот пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

04.09.2024 - 17:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега