Семејството Ѓоковиќ се огласи по одлуката на Федералниот суд на Австралија: Разочарани сме
После одлуката на Федералниот суд на Новак Ѓоковиќ да му биде одбиена визата, преку соопштение се огласи семејството на најдобриот тенисер во светот.
– Многу сме разочарани од одлуката на Федералниот суд и фактот дека Новак мора да ја напушти Австралија. Не се работеше само за спорт и играње на првиот Грен слем сезонава во кој Новак доминира цела деценија, туку и за политиката и сите интереси кои преовладуваа во овој случај.
– И покрај скандалозното однесување кон Новак, верувавме дека спортот ќе победи. Верувавме дека ќе се почитува фактот потврден од судот – дека Новак има важечка виза, дека правдата ќе биде задоволена и дека ниту еден „јавен интерес“ нема да биде оправдување за одлуката што е донесена.
– Ова се тешки времиња, особено за Новак, но она што треба да го направиме сите, пред се, како негово семејство, е да го поддржиме повеќе од кога било досега. Ќе бидеме таму да ги споделиме ударите што ги доби, да му помогнеме да си ја врати енергијата, вербата во овој спорт, пред се во фер-плејот, кој овде целосно отсуствуваше.
– Горди сме на него и на силата што ја покажа и на борбата што достојно ја водеше.
– Веруваме дека од оваа ситуација ќе излезе посилен и дека времето ќе го покаже она што неспорно секогаш го потврдувал досега, а тоа е дека е голем шампион и човек, стои во соопштението од Семејството Ѓоковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа