Серија апсења во Скопје
Полицијата во Скопје апсеше на улица и во ресторани.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 22.10 часот во Скопје, во населба Илинден го лишиле од слобода И.Д.Т.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 19.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Е.Н.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Вчера во 21.50 часот во Скопје, во парк на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Завчера во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во угостителски објект на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 01.45 часот, го лишиле од слобода Д.Ј.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 14.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Р.А.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа