Толку и беше на зимата: Температурите ќе одат и до 15 степени

 

 До среда времето ќе биде стабилно и студено, особено наутро, а потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст, инмформира УХМР. 

Според прогнозата, утре попладне на југозапад ќе има појава на слаб повремен снег, а во среда, најпрво во планинските региони и потоа преку ноќта и во четврток ќе има повремени локални врнежи претежно од снег, додека на пониските места ќе врне и дожд и снег. 

Постојната снежна покривка особено во западниот дел ќе се прошири понекаде и на повисоките места, најавува УХМР.

Што се однесува до главниот град, не се очекуваат некои многу ниски температури. Веројатно утрото што не разбуди денеска беше најстуденото нешто што ќе го почувствуваме оваа зима.
Веќе од утре, почнува период на постепен раст на утринските температури за до крајот на викендот да имаме утрински кои ќе бидат во позитива и двоцифрени дневни температури.
Во однос на врнежите, можни се врнежи од дожд кон средина на неделата но снегот како и обично со голема веројатност ќе го одмине главниот град и ќе се задржи претежно на планините и на повисоките места, пред се во западниот дел на Македонија.
До крајот на февруари се најавува слично време со постепен раст на дневните температури. Утринските ќе останат околу нула степени додека во текот на денот на одредени места низ Македонија редовно ќе бележиме и над 15 степени.

10.02.2025 - 12:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега