Серија апсења за дрога

На 06.09.2024 во 02.20 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле А.Л.(20) од гостиварско Видуше затоа што при контрола кај кружен тек помеѓу улица ,,101“ и улица ,,18-ти Ноември“, кај него се пронајдени марихуана и ризла. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.09.2024)  во 00.05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ш.(21) од село Теарце, тетовско, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.09.2024) во 03.55 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје  го лишиле од слобода С.М.(25) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.09.2024 во 18.35 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.С.(29) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.09.2024 во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.Н.(22) од нас.Илинден, скопско и М.А.(23) од село Бујковци, скопско, поради тоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 05.09.2024 во 17.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје  го лишиле од слобода Д.Т.(27) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

06.09.2024 - 11:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега