Шахпаска: Граѓаните ги препознаа исправните одлуки и решенија на СДСМ, наспроти деструктивното и незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ

За Социјалдемократскиот сојуз на Македонија сите општини, сите населени места и сите граѓани се еднакви и исти. Тоа го потврдија одговорните и домаќински политики кои беа насочени кон инвестиции буквално низ целата држава, изјави Јагода Шахпаска од СДСМ, носителка на ИЕ3.
„Денес од Свети Николе како носител на Изборната единица  3 , можам со гордост да кажам, дека истокот доживеа голема промена во сите полиња.
Свети Николе беше една од  најзадолжените  општини, денес е општина со позитивно салдо и добитник на наградата  за најперспективна  општина од „Глобал Локал“  , здружение на претприемачи на средна и југоисточна Европа, како општина поволна за инвестирање.
Во Свети Николе се инвестира  во производство на зелена енергија преку фотоволтаични централи, чиста и здрава средина, водовод ,канализација, улици, превоз и реконструкција на градинки и училишта.
Сите влогови и напори кои ги правеше СДСМ изминатиот период, граѓаните ги препознаа и поддржаа, затоа денес можат со леснотија да направат разлика помеѓу одговорното, државничко однесување на СДСМ и незрелото, деструктивно, антинародно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните денес знаат  дека со СДСМ иднината е сигурна, тоа е иднина во ЕУ и НАТО, иднина со стабилна економија, повисоки плати, подобар стандард за живеење,  иднина со осигурано здравје на граѓаните.
Но ние знаеме дека од тоа што го направивме за три години, можеме уште подобро и уште повеќе за наредните 4.
Она што СДСМ го нуди за следните 4 години е реален план за успешно справување со последиците на корона кризата,зајакнување и раст на економијата, одговорни институции во служба на грааните и напредок во сите сегменти од општественото живеење.
Додека СДСМ носи одлуки и решенија за проблемите на граѓаните, се залага за строго почитување на законите и неселективна казнивост за криминалот, од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ која ги крши сите протоколи и мерки и која нуди единствено обнова на режимот.
Но, граѓаните гледаат и знаат кој застана исправено и одговорно против коронавирусот, а кој лажеше, креваше паники и кршеше здравствени мерки. Гледаат и знаат кој во време на забрани шеташе по теретани и кафани, додека здравствените работници неуморно се борат со коронавирусот.
Грааните знаат кој носеше храбри одлуки , а кој нема став, кој се крие и  бега од одговорност.
Граѓаните знаат и кој носи антикризни мерки за помош на работниците и економијата, а кој по налог на Мицкоски блокира средства од 90 милиони евра од Светска банка.
Затоа на 15 јули граѓаните ќе го казнат незрелото, неодговорно и опасно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе одберат мир наместо конфликти, неселективна правда наместо сваровски судство, ќе одберат едно општество наместо поделби.
На 15 јули граѓаните ќе одберат да продолжиме по правиот пат и нема да дозволат обнова на режимот.
На 15 јули сите заедно ќе покажеме дека МОЖЕМЕ повеќе и подобро“, кажа Шахпаска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега