Шекеринска: Кампањата зависи од учесниците, ние нема да си играме со здравјето на граѓаните

Кампањата за изборите зависи од учесниците, ние нема да си играме со здравјето на граѓаните, во кампањата со целосно почитување на мерките за заштита, ќе се обидеме да допреме до што повеќе луѓе, бидејќи овие избори ќе бидат во сенка на пандемијата, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Фокусот на кампањата, додаде таа, ќе биде што сме наследиле како проблем, што сме решиле, што ќе решаваме во наредните честири години, нашиот став, политики.

-Ја извадивме земјата од впечатокот дека сите избори се фарса, во изминатиот период покажавме дека можеме да организираме фер и демократски избори, нагласи Шекеринска.

Во врска со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 5 Дурловски, Шекеринска рече дека ВМРО-ДПМНЕ не научи ништо од лекциите од минатото, не се научени лекциите од 27 април и злобата кај опозицијата не е минато, но не е на СДСМ да се меша во тоа, како кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, кога мислеше дека треба да одлучува и за опозицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега