Шилегов прави онлајн „челенџ“: Први номинирани се Коста Петров, Шекеринска и Макрадули

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на фејсбук  објави нов „online challenge“ а први на листата номинирани се најдоа Коста Петров, Радмила Шекеринска и Јани Макрадули.

Имено тој за подарок доби два нови албуми од Тони Зен па се потсети на времето кога по дома секој имаше колекција на плочи, касети или ЦД-ња и доби инспирација да ги поттикне и другите да купуваат албуми од македонски музичари.

Шилегов на фејсбук напиша дека испратил три македонски изданија на аКоста Петров, Шекеринска и Макрадули и изрази надеж дека тие ќе го продолжат овој „чаленџ“.

„Од мојот пријател „Toni Zen Official“ на подарок добив два негови албуми па тоа ме натера да се потсетам на времето кога активно собирав плочи и се гордеев на мојата колекција. Во деновите кога задолжително седиме дома, а локалните музичари имаат многу помалку ангажмани, е идеална прилика да поддржиме домашна музика и да им помогнеме на овие наши сограѓани.
Затоа, денеска набавив три изданија на македонски музичари и им ги испратив на Коста Петров, Шекериска и Јани Макрадули, за да ги повикам да учествуваат во #ЛокаленМузичкиПредизвик и да го прошират кругот, подарувајќи им музички изданија на своите колеги и пријатели, а со тоа да им помогнат на локалните музичари во продажбата на своите албуми.“ напиша Шилегов.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2021 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега