Шкријељ: Усвоивме патокази за реформа на јавна администрација и добро владеење, тоа е документ за државата, не за една партија

„За да се случи реформа во јавната администрација навистина мораме да имаме согласност не само во однос на тоа што се бара за да се изгласаат закони, туку мора да има консензус.

Изминатите години имаше ЕУ проект каде што експерти доаѓаа од европски земји коишто направија предлог реорганизација. Во таа насока се движи и дел од програмата. Ние усвоивме патокази за реформа на јавна администрација и добро владеење и ја усвоивме реформската листа. Тоа е документ за државата, не за една партија. Патоказот зборува за таа реорганизација“, изјави пратеничката од редовите на СДСМ Санела Шкријељ во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Таа додаде дека со тој европски проект ќе се следат тие насоки за реформи на јавната администрација.

25.03.2024 - 21:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега