Шокирачка одлука: Видеата од масовното силување кое го организирал сопругот ќе бидат прикажани јавно

 


Француската судијка Роже Арата одлучи видео снимката од силувањето на Жизел Пелико да им биде прикажана на новинарите и на јавноста во судницата.

Медиумите потсетуваат дека се работи за шокантен случај на силување организиран од нејзиниот сопруг во кој учествувале повеќе од 70 мажи во текот на девет години, пренесува АП.

Пелико (71) стана симбол на борбата против сексуалното насилство во Франција и инсистираше судењето да биде јавно, спротивно на предлогот на судот. Со помош на својот правен тим, таа побара и снимките да бидат прикажани во јавноста, бидејќи сака случајот да послужи како национален пример.

– Ова е единствен случај, немаме еден доказ за силување, туку стотици. Жизел Пелико смета дека шокот што ќе следи е неопходен, за никој од обвинетите да не може да каже: „Не знаев дека е силување“, изјави адвокатот Стефан Бабоно, пишува АП.

Огромното мнозинство од обвинетите негираат вина за силување, додека некои од нив дури тврдат дека нејзиниот сопруг ги принудил на секс со Жижел, на што се согласиле бидејќи биле преплашени. Некои тврдат дека верувале дека таа се согласила на сексуален однос или дека согласноста на нејзиниот сопруг била доволна.

Тимот за застапување на жртвата вели дека видеата „говорат сами за себе“.

Судијката Арата ја смени својата претходна одлука дека снимката ќе се прикажува само во одредени случаи и зад затворени врати. Досега новинарите и јавноста мораа секој пат да ја напуштаат судницата, за време на прикажувањето на видеото.

07.10.2024 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега