Што прво забележуваат мажите кај една жена?!
Велат дека изгледот е првото нешто што мажот забележува кај жената и многу му е важно каков впечаток ќе му остави неговата убавина. Ако му се допаѓа нејзиниот изглед тој ќе направи напори да и се доближи и да ги истражува нејзините карактерни особини.
Сепак, ова е делумно точно верување. Точно е дека сите судиме на прва по изгледот, но изгледот не е доволен да бидеме целосно привлечени од некој. Вистината е дека, мажите прво забележуваат дали жената е интелигентна и дали со неа може да се разговара на поголем број на теми.
Доколку во разговорот тие проценат дека жената е отворена, непосредна, логична, разумна, има свој суд и став тие ќе бидат целосно привлечени од неа.
Која е причината?
Кога станува збор за долга врска која има тенденција да прерасне во брак, мажите сакаат да имаат во жената пријател.
Тие се свесни дека таа личност ќе биде дел од нивното секојдневие и дека токму со неа ќе поминуваат најголем дел од времето во животот.
Ако разговорот не тече глатко на прва, веројатно нема да биде беспрекорен и понатаму, особено не ако сте заедно постојано и секој ден.
Никој не сака да има пречки во комуникација со оној со кој е постојано заедно, зарем не?
Изглед
Изгледот има влијание само доколку мажите не сакаат да бидат во сериозна врска, па жената ја доживуваат како триумф.
Помината ноќ со убава жена е доволна за неговата самодоверба и несериозни амбиции, доколку има сериозни намери, ТОЈ пред се ќе ги цени квалитетите на личност, а не само физикусот!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа