Си играле со петарди: Пожарот во Расадник го предизвикале деца

 

Деца играјќи со петарди го предизвикале големиот пожар во Расадник во Кисела Вода, потврди полицијата. МВР информира и дека поднеле кривична пријава против еден 14-годишен малолетник. 

Како што информираше МВР, малолетникот заедно со уште две деца кои не наполниле 14 години и не подлежат на кривична одговорност, фрлале пиротехнички средства кои претходно ги запалиле со запалка, по што се запалила сувата трева и настанал пожар кој зафатил површина  од околу три хектари.

Со брзата реакција на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со други служби, пожарот е локализиран и спречено е настанување на штета од големи размери. – велат од МВР

06.09.2024 - 11:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега