Сигурни знаци дека некој е лудо заљубен во вас

 

Потребно е малку време за да дојдете до големи изјави за љубов, но тоа не значи дека нема начини да откриете дали и колку му се допаѓате на некој.

Најважно е добро да ги отворите очите, внимателно да набљудувате и се ќе ви стане многу појасно.

Колку сака да биде близок со вас?

Постојат два вида:

Првиот тип на луѓе секогаш се трудат да бидат блиски со оној во кој се заљубени. Тие обично одат на места каде што може „случајно“ да налетаат на нив. Со задоволство „случајно“ ќе ги допрат секогаш кога ќе имаат прилика за тоа…

Друг тип на луѓе се однесува сосема спротивно. Тие се обидуваат по секоја цена да ја избегнат личноста која им се допаѓа. Знаат да бидат груби кога разговараат со неа, бидејќи на тој начин се обидуваат да ги сокријат чувствата. Понекогаш се однесуваат вака бидејќи се убедени дека нема шанси да им се допаднат на луѓето во кои се заљубени.

Обрнете внимание на очите

Кога сте заљубени во некого, несвесно ќе го следите насекаде со очите. Но, кога ќе бидете фатени во таквото набљудување, ќе го тргнете погледот.

Кога ќе фатите некој кој е заљубен во вас како го прави ова, тоа може да биде многу симпатично.

Им кажуваат на другите за неа/него

Заљубените луѓе имаат потреба да им кажуваат на другите за „објектот на нивното обожавање“, но тоа не мора секогаш да биде позитивно, туку понекогаш и многу негативно.

Ова го прават за да ги сокријат своите вистински емоции – чувствуваат дека ако кажат нешто позитивно, сите ќе забележат дека се заљубени во таа личност.

Ненадејна промена на интересот

Заљубената личност одеднаш може да се заинтересира за работите што ја интересираат и личноста која им се допаѓа. На пример, наеднаш се заинтересирани за спорт, за кој претходно не биле, или некоја литература што претходно не би ја ни погледнале.

08.08.2022 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега