Силен и моќен чистач на вашите артерии - спречете инфаркт на целосно природен начин
Кардиоваскуларните болести, разните коронарни состојби и состојбите на тромбоза се многу зачестени последниве децении, како кај нас, така и во светот. Според статистиката, инфарктот на миокардот е водечка причина за смрт во многу земји. Таа тажна статистика не се менува, туку експоненцијално расте веќе со години.
Покрај тоа што медицината и фармацевтската индустрија драстично напреднале и има на располагање бројни лекови што ги превенираат кардиоваскуларните состојби, како и интервенции кои со минимална инванзивност спасуваат човечки животи, зачестеноста на овие заболувања не се намалува.
Меѓутоа, постојат превентивни мерки кои многу лесно и едноставно можете да ги воведете во вашата секојдневна рутина, кои нема да ви одземат повеќе од две минути, а благотворно ќе дејствуваат на вашите крвни садови и кардиоваскуларен систем.
Имено, сѐ што треба да направите за да спречите потенцијален инфаркт или шлог е наутро во чаша млака вода да разматите лажиче мед и лажица јаболков оцет и да го испиете тоа на празен стомак.
Оваа напивка е позната од дамнешни времиња и се верува дека неговите благотворни дејства на крвните садови, коагулацијата на крвта и срцевиот мускул се неизмерно големи.
Придржувајте се до оваа рутина, бидејќи континуитетот и редовноста се од пресудно значење.
Секако, доколку боледувате од веќе постоечка кардиолошка состојба, никако не смеете да престанете да ја земате препишаната терапија, туку само додајте го овој утрински ритуал, кој ќе ви го зајакне срцето и ќе ви ги прочисти крвните садови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа