Силјановска-Давкова: Му благодарам на Максим Димитриевски за поддршката во вториот круг

 

Откако Максим Димитриевски кажа дека ќе ја даде поддршката за Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг претседателски избори, кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари на актуелниот градоначалник на Куманово.

Му благодарам на претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за јавно изразената поддршка во вториот круг. Многу ми значи, не ја заборавам. Ја сметам за храбар, демократски, инспиративен, поттикнувачки и одговорен политички чекор, изјави Силјановска-Давкова.

04.05.2024 - 20:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега