Сиљановска Давкова се сретна со претставничката на УНФПА: Разговараа за репродуктивно здравје и родова еднаквост
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Џастин Коулсон, претставничка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Босна и Херцеговина, директорка за Албанија, Србија, Северна Македонија и Косовo.
На средбата беа разменети мислења и информации за севкупните активности на агенцијата и соработката со нашата држава.
Претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи благодарност за долгогодишното партнерство, оцени дека напорите на УНФПА за унапредување на репродуктивното здравје, родовата еднаквост и младинскиот ангажман во македонското општество оставија опипливи придовивки за разниливите групи и ги поздрави досега спроведените проекти и иницијативи во соработка со македонската влада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа