Силјановска вчера собра повеќе потписи од Пендаровски


Гордана Силјановска Давкова собрала преку 25.000 потписи во текот на вечерашниот ден или нешто над 3.000 повеќе од бројката која што ја собрал актуелниот Претседател Стево Пендаровски. На овие бројки треба да се додадат и потписите собрани од нотари. Пендаровски  и Силјановска веројатно го заокружуваат изгледот на гласачкото ливче имајќи предвид дека на 5 дена пред последниот рок, останатите кандидати се далеку од потретните 10.000 потписи.

Актуелниот претседател Стево Пендаровски и професорката Гордана Силјановска Давкова викендов и официјално добија партиска поддршка за кандидатурите за претседател на државата, но и од граѓаните, откако ги собраа потребните 10 000 потписи.  Седум кандидати за претседател на државата досега се потврдени со граѓански потписи, а постапката продолжува за уште четворица и ќе заврши на 8 март на полноќ.

СДСМ вчера информираше дека во рекордно време, за неполни пет часа, собрани се 10 000 граѓански потписи за поддршка на кандидатурата за втор мандат на претседателот на државата Стево Пендаровски. Поддршката за Пендаровски владејачката партија синоќа ја потврди и на Конгрес. И опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така објави дека од 08.00 до 12.00 часот се собрани 12 000 потписи за нивната кандидатка за претседател Силјановска Давкова, за која завчера одржаа и конвенција за поддршка.

04.03.2024 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега