Симпсонови пак пред времето: Ја предвидеа цензурата на голиот Давид од Микеланџело

 

 

Откако беше објавена веста дека директорот на едно училиште во Флорида бил принуден да поднесе оставка по бунтот на родителите кои се пожалиле дека нивните деца се изложени на порнографија бидејќи на часот по историја на уметност им била покажана слика од Давид на Микеланџело, некој се сетил дека авторите на популарната анимирана серија за семејството Симпсон предвиделе речиси идентично сценарио пред повеќе од 20 години.

Директорката на училиштето во Телахаси, Хоуп Караскила, поднесе оставка од функцијата откако родителите на учениците го прозваа училиштето дека шири порнографија бидејќи на учениците им беше покажана гола статуа на Давид.

Претседателот на училишниот одбор, Барни Бишоп, ѝ рекол на директорката да поднесе оставка или ќе биде отпуштена. Тројца родители се пожалија дека нивните деца се вознемирени затоа што го виделе едно од најголемите ремек-дела на светската уметност – Давид на Микеланџело.

Инаку, Марџ Симпсон се најде во сличен проблем пред дваесет години кога се бореше против цензурата на уметничките дела.

Откако успешно го цензурираа насилниот цртан филм „Ичи и Скречи“, група родители ја повика Марџ да им помогне да цензурираат уште едно „одвратно и гнасно“ дело – скулптурата на Давид која требаше да биде донесена во нивниот роден град Спрингфилд како дел од патувачка изложба.

„Делото многу вулгарно прикажува делови од човечкото тело кои иако се практични, всушност се зли“, вели Хелен Ловџој.

По инцидентот во Телахаси, не им требаше долго време на обожавателите на семејството цртани ликови да се присетат на сличен настан од омилената серија.

„Симпсонови повторно предвидуваа настани од реалниот живот“, вели еден твитер.

25.03.2023 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега