Скандал ја тресе велешката градина: Негувателката им дала на децата електронска цигара?

 

Скандал ја тресе велешката градинка „Димче Мирчев“, каде наводно една од негувателките им нудела електронска цигара на децата.

Родители чии децата ја посетуваат градинката се уверени дека таа намерно им нудела цигара. Спротивно на ова, исказот на истата негувателка бил дека децата ја виделе цигарата, но без нејзино знаење дошле до нејзе. Директорката на градинката во Велес „Димче Мирчев“, Маја Велиновска во изјава за Канал 5 истакнала дека допрва ќе се утврдувало што точно се случило, а дотогаш негувателката била суспендирана. 

„Негувателката е суспендирана, земена и е изјава, како и на родителите, и останатите вработени, но беа прашани и деца. Покрената е дисциплинска постапка и формирана е дисциплинска комисија. Врз основа на исказите, доколку се испостави како точно дека им била нудена електронска цигара на децата, вработената ќе биде отпуштена“, изјавила Велиновска за Канал 5

Наспроти директорката, првиот човек на Велес, Марко Колев тврди дека до него стигнале информации дека негувателката не е суспендирана, туку е префрлена во клон на градинката во велешкото село Каласлари, што според него е обид инцидентот да се стави под тепих. 

„Дечињата едно по едно почнувале да си кажуваат дома што се случувало, тоа не е еднаш, туку тоа се случувало во неколку наврати, бидејќи, според информациите кои што ми ги кажуваат родителите, нели тие не можат да лажат туку се искрени, кажувале дека еден ден цигарата мирисала на еден вкус, па друг ден на друг вкус, така да тоа се прераскажувања на родителите кои ги пренеле дечињата“.

Градоначалникот вели и дека очекува директорката да си поднесе оставка, а негувателката да биде суспендирана до разрешницата.

03.10.2023 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега