Скапо го платив кафето со Венко, ме избркаа од работа: Лиде Лиде за средбата со Филипче
Поранешниот министер за здравство, д-р Венко Филипле, при започнувањето на пандемијата со коронавирусот, одржуваше прес-конференции многу често и истите беа пренесувани на социјалната мрежа Фејсбук. Оваа мрежа нуди опција на секоја индивидуа која има Фејсбук профил опција за коментирање за времетраење на прес-конференциите.
Меѓу пораките кои ги добиваше тогаш министерот Филипче, беше и добро познатата Лиде Лиде.
Зад овој профил се крие Лидија Гиновска, а во интервју за „Репортер“ открива детали дека таа скапо го млатила кафето со Венко, истакнувајќи дека ја избркале од работа.
„Сакам луѓето што се сериозни да ги реметам“, вели Лиде како причина поради која ја испратила и првата порака да го покани министерот на кафе. По една година, таа го запозна министерот во угостителски објект во Скопје.
Но, тоа што почнало да им биде забавно неа и на блиските, на Лидија и донело проблеми на работа. Лиде за „Репортер“ раскажала дека се соочува со мобинг, а шефовите и забраниле да праќа пораки јавно.
„Јас ќе се погрижам да не останеш овде“, добила порака Лиде, и после некое време од притисоците си дала отказ, вели таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа