Скопје блокирано поради најавените протести

 

Поради најавените протести МВР презема посебни мерки за обезбедување на редот, односно во периодот од 11 до 14 и 30 часот на централното подрачје на град Скопје ќе се спроведува посебен сообраќаен режим. Од таму упатуваат и апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат службените лица.

Според најавите, пред Собранието ќе протестираат вработените во судската и обвинителската администрација, ФЗОМ и Народниот правобранител.

Бараат повисоки плати, а револтот кај административците кулминираше пролетва кога за 78 проценти се зголемија платите на функционерите, по одлуката на Уставниот суд.

Тврдат дека не се предвидени средства за зголемување на нивните примања според буџетот за идната година.

Од Владата најавија дека ќе се продолжи со средби со претставниците на синдикатите и согласно буџетските можности ќе бидат реализирани барањата кои ги имаат.

24.11.2023 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега