Скопје: Се истепале браќа и сестри


Во текот на вчерашниот ден биле пријавени два случаи на семејно насилство во едниот постариот брат го тепал помалиот во вториот случај помалата сестра ја претепала постарата.

Вчера во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаир извршиле службен разговор со Н.С.(20) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 00.30 часот на подрачјето на Чаир физички го нападнал својот малолетен брат. 

Вчера во 12.15 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријавила дека, по претходна расправија, била физички нападната од нејзината сестра А.Б.(47) од Скопје, која употребила и тврд предмет.

По целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок.

16.09.2024 - 16:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега