Скопската полиција уапси крадци: Разрешени две тешки кражби, меѓу кои и одземено возило
Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода К.А. (20) од Кочани поради основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, извршена на 06.05.2025 во угостителски објект во Скопје, на подрачје на Центар, од каде одзел повеќе предмети.
По документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава. СВР Скопје ќе поднесе соодветни пријави и против С.К. (42) од Скопје поради сторени кривични дела „кражба“ и „одземање на моторно возило“.
- Во службен разговор во полициска станица тој признал дека на 18.05.2025 одзел возило „голф“, сопственост на Н.Д. од Скопје, а од објект во градба, сопственост на М.Ј., на 26.04.2025 одзел предмети, соопшти МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа