Славески: Во мртвата трка кон ЕУ, со Албанија се изедначивме по уште една работа – останавме без меѓународен железнички сообраќај
„Во мртвата трка кон ЕУ со нашиот западен сосед Албанија се изедначивме по уште една работа – останавме без меѓународен железнички сообраќај. Во време кога светот инвестира во брзи пруги, ние спаѓаме во ретките европски држави без железничко поврзување со соседните држави и остатокот од светот“, напиша на социјалните мрежи, претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.
„Албанија немала што да загуби – никогаш немала меѓународен железнички транспорт. Ние го загубивме тоа што го наследивме од претходните генерации“, додаде тој.
Во мртвата трка кон ЕУ со нашиот западен сосед Албанија се изедначивме по уште една работа - останавме без меѓународен железнички сообраќај. Во време кога светот… pic.twitter.com/4mSOG4Srmw
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) November 16, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа