Славната манекенка ненадејно почина само неколку дена по 50-от роденден
Британската манекенка Стела Тенат почина на 50 годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.
Славната манекенка починала само пет дена откако го прослави својот 50-ти роденден, а соопштено е дека не станува збор за насилна смрт, но други детали не се познати.
-Со голема тага ве информираме за ненадејната смрт на Стела на 22 декември 2020 година. Стела беше прекрасна жена, Многу ќе ни недостасува, се вели во соопштението на семејството.
Стела се прослави на почетокот на ’90-тите години, а ги красеше страниците на престижните магазини.
Манекенката зад себе го остави сопругот Дејвид Ласент и три деца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа