Снопче смирува: Нормално е Мицкоски да ми посака среќа

 

Премиерот е свесен од каде доаѓаат таквите искри и од каде некој сака да фрли искра за да создаде криза, вели пратенико од коалицијата Вреди, Халил Снопче

„Нормално е да каже на некому кој ја напушта владата нека му е со среќа. И ние велиме дека посакуваме среќа секому, ако работите дојдат до таа фаза. Тоа е нормална изјава, тој е премиер. Нема тука ништо трагично. До сега нормално функциониравме во согласност со односот на силите, не во сооднос на моќта. И сигурно дека во иднина ќе функционираме со избалансирани сили, до реализација на нашите програмски определби“, изјави Снопче.

Премиерот Мицкоски вчера кратко му посака среќа на Снопче ако сака да ја напушти владината коалиција.

Министерот за здравство и еден од предводниците на Коалицијата Вреди ја смирува топката откако премиерот вчера ги отфрли заканите на пратеникот Халил Снопче кој рече дека ако помине Законот за бранителите ќе ја напуштеле владината коалиција.
Таравари од САД порачува дека коалицијата е стабилна иако признава дека има како што вели ситни проблеми.
Односите помеѓу партнерите во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде што се Вреди и ЗНАМ се коректни и ние се обидувавме да бидеме што посинхрони овие сто дена, меѓутоа некаде имало недоразбирања, некаде имало испади кои не биле координирани како што треба, затоа треба време за да се синхронизираме тотално и комплетно и тоа да се види и кај граѓаните. Меѓутоа, генерално можам да кажам дека очекувањата на граѓаните беа огромни од ова мнозинство, рече министерот за здравство Таравари во изјава која што ја пренесе МИА. Тој додаде дека СДСМ и ДУИ и ставаат сопки на владината коалиција.
Премиерот Мицкоски вчера кратко му посака среќа на Снопче ако сака да ја напушти владината коалиција.
Од опозицијава утрово ги повикаа владините партнери да се фатат за работа наместо да се караат меѓу себе

25.09.2024 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега