Со години важеше за лошата девојка на Холивуд, а сега сите ги засени со својот изглед

 

Линдзи Лохан се прослави со улогата во филмот „Лоши девојки“ од 2004 година, а сега според оваа приказна е снимен и мјузикл.

Иако извесно време ја немавме видено во јавност, Линдзи ненадејно се појави на премиерата на овој мјузикл и привлече големо внимание во необичен фустан, кој беше исечен на половината и имаше сребрен детаљ.

Таа беше видно расположена и позира со другите ѕвезди од стариот филм.

„Филмот го помина тестот на времето. Се чувствувам благодарно. Мислам, не се случува често филмовите да го извлечат ова. ‘Опасни девојки’ ја отвори вратата за многу други работи што се случуваат во училиштата. Мислам дека тоа е навистина забавен филм“, изјави Линдзи за „Ентертејнмент тунајт“.

Лохан, инаку, со години важеше за лоша девојка и привлекуваше внимание со скандали и промискуитетно однесување. Меѓу другото, таа беше во притвор поради возење во пијана состојба, а подоцна беше осудена на 120 часа општествено корисна работа.

Шестпати се обидела да закрепне од зависноста од алкохол и кокаин, но секогаш не успевала.

Сепак, изгледа дека Линдзи, конечно, си го средила животот, а минатата година доби син со сопругот Бадер Шамас, Луаи. Бебето е родено во Дубаи, каде што живее парот.

12.01.2024 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега