Со години живееме во заблуда: 4 намирници кои во себе имаат повеќе шеќер од слатките работи и кои влијаат врз нашето здравје

 

Шеќерот е најомразен кога станува збор за здравата исхрана, а за жал често го внесуваме во поголеми количини отколку што експертите препорачуваат.

Таквата пракса може да го загрози нашето здравје и да влијае негативно на нашиот метаболизам, па поради тоа важно е да знаеме кои намирници во себе кријат големи количини на шеќер.

Доколку настојувате да јадете здраво и умерено, исклучително е важно да го избегнувате присуството на овие производи во секојдневната исхрана, а особено во исхраната на малите деца. Нив во таа фаза од животот им поставувате темели за навики во исхраната за во иднина.

Течен јогурт

Јогуртот е една од најквалитетните намирници. Содржи протеини од висока вредност и носи голема количина на важни минерали, како што е калциумот. Извор е на пробиотици, живи бактерии кои ги штитат нашите црева.

Меѓутоа, најдобриот јогурт најчесто не е оној кој се продава во супермаркетите, туку природниот во кој не се додаваат шеќери. Поголем дел од јогуртите кои ни се достапни имаат дополнителни шеќери во себе, особено јогуртот.

Вода со вкус

Водата е најдобриот пијалак и чест избор за пиење на луѓето кои внимаваат што внесуваат во своето тело. Но, важно е да се нагласи дека тоа важи за минералната вода, а не варијантите на вода со вкусови. Таквата вода е полна со дополнителен шеќер или вештачки засладувачи.

Тост-лепче

Лебот е намирница богата со јаглехидрати, а често е направена од рафинирано брашно. Ова го прави производот со висок гликемиски индекс. Често произведувачите додаваат уште шеќери за да го подобрат вкусот и текстурата, особено кога станува збор за тост-лебот.

Сос од домати

Доматот е намирница полна со антиоксиданти, а од останатите елементи се истакнува ликопенот. Антиоксидантите ги неутрализираат слободните радикали кои се акумулираат во ткивата, спречуваат развој на бројни хронични болести.

Меѓутоа, сосовите од домат кои ги продаваат во супермаркетите можат да имаат многу дополнителен шеќер во себе кој ја неутрализира нивната киселост и го подобрува вкусот.

01.10.2021 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега