Софија Лорен на итна операција, по повеќе скршеници
Софија Лорен вчера била примена на итна операција, по претрпени неколку скршеници, откако паднала во нејзиниот дом во Швајцарија.
Според извор близок до актерката, постои „внимателен оптимизам“ за исходот од операцијата и закрепнувањето потоа. Италијанската филмска икона која на 20 септември наполни 89 години, паднала во бањата и се здобила со повеќе скршеници кај колкот и сериозна фрактура на бутната коска, изјави неименуваниот извор за „Холивуд репортер“ .
Лорен требаше да отвори ресторан во Бари, источна Италија, на 26 септември – тоа ќе биде четвртата гостилница што го носи нејзиното име.
Легендарната глумица требаше да стане и почесен граѓанин на тој град, но сега сите ангажмани се откажани, до наредното известување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа