Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со температури до 39 степени

 

 

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне особено во планинскте региони ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. UV=8

Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината со услови за појава на пороен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 38 степени.

И во наредните денови ќе продолжи периодот на многу топло време.

Според УХМР, насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура. Од утре во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и проследена со ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме. Краткотрајно постабилно ќе биде во петок.

23.08.2023 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега