Сончево и многу топло, температури до 39 степени

 

 

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, a на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 37 степени, извести УХМР.

Во текот на следнава работна седмица времето ќе биде претежно стабилно и многу топло, а дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени. Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура. Од четврток ќе се зголемат условите за попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

21.08.2023 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега