„Sony“ ги зголеми цените на конзолата „PlayStation 5“

 

„Sony“ најави зголемување на цената на својата конзола „PlayStation 5“ за пазарите во Европа, Велика Британија, Јапонија, Кина, Австралија, Мексико и Канада.

Најинтересна ситуација за нас е европскиот пазар, а според компанијата цената на „PS5“ конзолата во Европа е за 10 отсто повисока. Цената сега е 550 евра за моделот „Ultra HD Blu-ray“ (претходната цена беше 500 евра) и 450 долари за „PS5 Digital Edition“ (претходната цена беше 400 евра).

Компанијата ги наведува глобалните економски предизвици како главни причини за ова зголемување на цената.

„Се соочуваме со висока глобална стапка на инфлација, како и со неповолни валутни трендови, кои влијаат на потрошувачите и вршат притисок врз многу индустрии. Врз основа на овие предизвикувачки економски фактори, „SIE“ донесе тешка одлука да ја зголеми предложената малопродажна цена на „PlayStation 5“ на пазарите низ Европа, Блискиот Исток, Африка и други региони“, рече Џим Рајан, претседател и извршен директор на „Sony Interactive Entertainment“.

Иако „Sony“ ги зголемува цените на конзолата „PS5“, ситуацијата со понудата и залихите се уште е голем проблем на многу пазари. Од компанијата нагласуваат дека приоритет им е подобрување на состојбата со залихите на „PlayStation 5“.

26.08.2022 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега