Сообраќајка на автопатот Тетово –Гостивар, млад скопјанец тешко повреден

На 17.08.2024 во 07.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово –Гостивар, во близина на клучка Камењане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(24) од с.Радишани, скопско и товарно возило „фиат” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Х.(51) од Гостивар, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Т.(22) од Радишани, сопатник во возилото „бмв“, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

18.08.2024 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега