Сообраќајка помеѓу автомобил и мотоцикл, тешко повреден мотоциклистот


Вчера околу 12.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Куманово – Свети Николе, во атар на село Орашец, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(40) од Куманово и мотоцикл „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Д.Ч.(47) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.

09.04.2024 - 16:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега