Сопругата на Апасиев: Моето дете има 2,5 години и уште го дојам и во јавност

 

Во државава, многу жени се противници на доење на детето во јавност?!  Не било убава глетка?! Дома да си седеле?! А не им пречат децата што просат на улица или ѓубриштето расфрлано насекаде или исеченото зеленило и бетонот. За тоа, не коментираат. Тоа им е таман глетка, запраша на Фејсбук Тамара Јованов, сопруга на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„А и не е толку чудно, кога ќе видиш дека мизогинијата во голем дел произлегува од нив.

Со тој памет, добро е што и дотука сме стигнале ко држава!

Пс. За таквите, поздрав од мене и моето дете - има 2,5 години и уште го дојам (и во јавност). Свртете глава ако не ви чини глетката“, напиша Јованов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега